Германскиот канцелар на разговори со бугарскиот државен врв

Шолц бара почеток на преговори за Македонија и Албанија, Петков потсетува на бугарските услови

„Германија разбира дека не е лесно да се надминат историски проблеми, но силно го поддржувам договорот за пристапување на Република Северна Македонија и на Република Албанија во ЕУ. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената до крајот на француското претседателство. Европејците се одговорни за стабилноста на Балканот. Наша задача е да не ги разочараме земјите“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија на прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков. Шолц во Софија пристигна од Скопје каде имаше разговори со премиерот Димитар Ковачевски.

Шолц нагласи дека Македонија мора да има сигурна европска ерспектива и порача дека земјите членки на ЕУ треба да ги мобилизираат демократските сили. „Сметам дека има шанса да се постигне напредок“, нагласи канцеларот.

На новинарско прашање поврзано со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ, Шолц потсети на напорите на Германија по Втората светска војна да застане на нозе и да ја развие демократијата, потоа потсети на напорите на Бугарија да стане членка на ЕУ и повика на заедничка акција за реализација на перспектива на земјите од Западен Балкан.

Канцеларот се согласи со новинарското прашање дека Македонија треба да ги исполни условите кои се бараат на патот за членство во ЕУ.

„Сите сфаќаме каков треба да биде резултатот, но проблемот е како да се постигне", кажа Шолц и не даде конкретен одговор на прашањето каква поддршка може да добие Бугарија од Германија за вклучување на нејзините услови во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Бугарскиот премиер Петков рече дека  една од темите на разговорите со германскиот канцелар била и Македонија, односно како што нагласи, проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Република Северна Македонија.

„Двете влади се обврзаа да продолжат да работат, а нашата влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се исполнат за да се постигне напредок", рече Петков наведувајќи ги на прес-конференцијата тие услови.

„Со канцеларот споделив дека Бугарија има три приоритети за да се направи евроинтеграциски исчекор и нагласи дека ЕУ треба да биде дел од гаранцијата. Прво, низ европскиот процес да гарантираме вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да можеме да ги заштитиме правата на Бугарите таму, во исто време имаме рамковна позиција и договор за добрососедство. Со други зборови, секое решение мора да ги содржи овие три приоритети на Бугарија. ЕУ може да даде потенцијални можности да имаме европски гаранции дека тоа ќе се случи, затоа продолжуваме да работиме како влада во рамките на постојната рамковна позиција и договорот за соседство", рече Петков.

Германскиот канцелар Шолц утрово имаше тет-а-тет разговори со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на заедничката прес-конференција во македонската Влада канцеларот најави дека и лично ќе се заложи Македонија овој месец да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе