Во 2023 година Македонија влегува во претседателската тројка со ОБСЕ

Шмид: Претседавањето со ОБСЕ е чест за земјата, но е и комплексна задача

Претседавањето со ОБСЕ е чест и сведоштво за вашата посветеност на регионална соработка, носи големи политички придобивки, но е и комплексна задача, изјави денеска во Скопје генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска, ќе претседава во 2023 година, а во меѓувреме, како генерална проба,  ќе претседава со медитеранските партнери за соработка на ОБСЕ.

Посетата на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид и денешниот состанок во МНР, биле искористени во насока на соработка и поддршка во фазата на подготовка и самото претседавање на земјата со организацијата во 2023 година.

„Претседавањето со ОБСЕ е чест и сведоштво за вашата посветеност на регионална соработка. Тоа е комплексна задача, меѓутоа носи и големи политички придобивки. Тука е генералниот секретаријат и јас да ви помогнеме за вашето претстојно претседавање со организацијата“, изјави Шмид.

ОБСЕ, посочи Шмид, е единствена платформа за разговори за безбедносни прашања, како и дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста мора да се разгледуваат и од гледна точка на животната средина, почитување на човековите права и владеењето на правото.

„Секако Северна Македонија придонесува кон безбедноста, веќе постигнавте голем напредок во последните години во реформирањето на вашето законодавство како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, обезбедувајќи почитување на сите етнички заедници“, изјави Шмид, поздравувајќи го учеството на земјата во регионалниот проект за мониторинг, во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Нашата мисија, нагласи Шмид, соработува со ДКСК во борбата против корупцијата, вклучително и за корупција во областа на животна средина, потоа со МВР за постигнување професионална деполитизирана полициска служба во земјата, како и дека работи во областа на родовата еднаквост и сензивитирање на целото законодавство во контекст на родовата еднаквост.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека денешната работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, била искористена генерално за прашања поврзани со процесот на организација и самото претседавање на нашата земја со ОБСЕ која, како што посочи, претставува најголемата регионална организација на северната хемисфера која опфаќа 57 земји учеснички, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

„Очекуваме исполнета и конструктивна агенда и успешно претседавање во 2023 година. Претседавањето со организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјата во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен придонесувач во зачувување на мирот, стабилноста и соработакта“, изјави Османи.

Тој изрази уверување дека државата ќе вложи максимум процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен, како и дека ќе бидеме ориентирани кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во организација.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе