Таа оцени дека голем број на родители денеска се обидуваат да се организираат во поглед на своите деца поради штрајкот на наставниците.
„Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери секогаш имала и има слух за образовниот кадар и воспитувачите. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21% што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар. Исто така, за прв пат во образованието се воведе кариерен напредок на наставниците кој подразбира стекнување на дополнителен паричен надомест“, рече Шкријељ.
Таа додаде дека со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно членот 8-А од Законот за минимална плата.
Шкријељ испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници и стручни соработници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати.
„Бараме од ВМРO-ДПМНЕ да прекине со политизација на штрајкот на СОНК, тоа е на штета на наставниците и на учениците. Toa e последната партија којашто може да зборува нешто за образование или плати на наставници. Убедени сме дека решенијата се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции. Не со условувања туку со дијалог“, рече пратеничката.