По најавата за ново собраниско мнозинство

Шкодране Дардишта од ДУИ се заканува, сѐ уште ги имаме чизмите на таван

Директорката во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком Шкодране Дардишта, членка на ДУИ, на својот фејсбук-профил, очигледно незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена во Македонија отворено се закани со војна.

„Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него.“

Борис Крмов, пратеникот на Левица реагираше на својот фејсбук-профил: „Шкодране Дардишта кадар на ДУИ се заканува со војна ако на нејзината партија не ѝ се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?“

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе