Реакција

Шилегов: Не сме разрешени, понудивме оставки за да го елиминираме простотилукот и фашизмот

Градоначалникот на Скопје и довчерашен потпреседател на СДСМ, Петре Шилегов, вели дека тој и неговите другари потпретседатели во СДСМ, понудиле оставки на позицијата за да креираат внатрепартиски политики кои ќе веривикуваат идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години.

„Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заедно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, уште минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на ЦО вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики кои ќе веривикуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните смени во СДСМ.

Прашан дали ќе даде оставка од функцијата градоначалник на Скопје, тој рече дека оставка даваат луѓе со интегритет, а политички интегритет покажале сите кои дале оставка од партиската функција.

„Во политиката ништо не е вечно, како дојдовме така е, логично, во еден даден момент да си отидеме. Ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките кои ги креирав и стратегиите кои ги креирав во изминатава една и пол година откако сум градоначалник, ќе видите и ќе знаете што сѐ градот работи. Креирањето на тие политики и реализирањето на тие политики се нешто што допрва следува“, рече Шилегов.

Вчера на седница на Централниот одбор на СДСМ, според одлуката, разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе