Собранието го констатира престанокот на мандатот на досегашните пратеници, а ДИК потоа со допис ги информирал следните од листите кандидати за пратеници, кои, пак, во законски рок ја известиле Комисијата дека го прифаќаат мандатот за пратеник за остатокот од мандатот.
На местото на Тимчо Муцунски, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром доаѓа Тони Јаревски, на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски, а на местото на новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов ќе седне Драган Ковачки.
На местото на Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во пратеничка клупа ќе седне Љубица Спасева, Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, ќе го замени Грација Бакраческа, а Билал Касами, кој на локалните избори беше избран градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.
Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници.