На местата на избраните градоначалници

Шест нови пратеници добија уверенија од ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието кои треба да ги заменат пратениците кои беа избрани за градоначалници на завршените локални избори.

Собранието го констатира престанокот на мандатот на досегашните пратеници, а ДИК потоа со допис ги информирал следните од листите кандидати за пратеници, кои, пак, во законски рок ја известиле Комисијата дека го прифаќаат мандатот за пратеник за остатокот од мандатот.

На местото на Тимчо Муцунски, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром доаѓа Тони Јаревски, на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски, а на местото на новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов ќе седне Драган Ковачки.

На местото на Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во пратеничка клупа ќе седне Љубица Спасева, Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, ќе го замени Грација Бакраческа, а Билал Касами, кој на локалните избори беше избран градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува  мандатите на новите пратеници.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе