Шест наши граѓани ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија, вели Османи

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави попладневи министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, пишува Османи.

Претходно МНР соопшти дека две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и дека се очекува во текот на денот да пристигнат во Бугарија.

Покрај постојаниот контакт на МНР со властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина, од Министерството информираа дека контактираат и со властите во Молдавија, од каде имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе