Без шеснаесеткрако сонце

Шест месеци по Преспанскиот договор, од денеска власта треба да го отстранува сонцето од Кутлеш од сите јавни објекти

Симболот на првото знаме на независна Македонија, сонцето од Кутлеш, од денес не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место, пишува во Преспанскиот договор. На оваа обврска, која ја презема македонската Влада, денеска потсети и грчкиот весник „Катимерини".

Со Преспанскиот договор, македонската Влада се обврза симболот од Кутлеш (Вергина) да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

„Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на поранешното нејзино државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“, стои во члeн 8, став 3 од Договорот.

Владата веќе побарала од надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела.

Договорот од Преспа e во сила oд 12 февруари годинава.

Сонцето од Кутлеш е дел од многу фасади, капаци од шахти, дел од симболите по спортските сали, на споменици, во цркви, сувенири, знамиња на навивачки групи... Сѐ уште не е јасно како сето ова ќе се спроведе. На пример, дали сонцето со 14 краци (а не 16 како што е оригиналот на сонцетот од Кутлеш) ќе се отстранува од штитовите на античките војници од фонтаната Воин на коњ во центарот на Скопје.

Неизвесно е што ќе се случува со амблемот на општина Могила, со плоштадот во Виница поплочен со жолти плочки кои го претставуваат сонцето...

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе