Пријавено на 30 мај

Шест месеци нема одговор на пријавите на Ременски против Јанкуловска и Аврамовски

Уште во мај пратеничката Фросина Ременски до Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе кривична пријава против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Сиљан Аврамовски, поранешен заменик директор во УБК, за непочитување на законските одредби за пензионирање. Според пријавата, Јанкуловска не смеела да потпише решение за продолжување на вработувањето во МВР на Аврамовски, кој требало да се пензионира.

Според пријавата, има основи на сомневање за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење во службата.

Ременски вели дека таа овие информации ги добила по пошта од анонимно лице во февруари годинава. Како член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, Ременска со овој случај ги запознала и надлежните овластени лица – Весна Доравеска, актуелен помошник министер за правни и кадровски работи при МВР и Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за ова заседавала на 23 мај на која се разгледуваа годишните извештаи за работата на УБК и АР, а присуствувал и тогашниот директор на УБК, Горан Николовски. И тој бил запознаен со сомневањата за сторено кривично дело.

Според законот, лицата што поседуваат безбедносен сертификат за пристап до доверливи информации по пензионирањето имаат обврска да го вратат безбедносниот сертификат.

„Ова е важно и за утврдување дали станува збор за овластен, односно неовластен пристап до доверливи информации и дали лицето извршува работи и издава наредби на вработени во Управата од позиција на лице кое нема законски основа да извршува такви работи“, пишува во пријавата.

Во април 2018 поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји во времето на Сашо Мијалков, Сиљан Аврамовски беше најсериозниот кандидат на Владата за прв директор на новата Оперативно техничката агенција (ОТА).

Интересно е и тоа дека за време на увидот на собраниска Комисија за надзор над работата над УБК и АР, во јуни 2018 година покрај раководството на Управата присутен бил и Сиљан Аврамовски кој директорот на УБК го претстави како „лице одговорно за операции“. Пратеничката Благица Ласовска (член на Комисијата) тогаш го прашала Горан Николовски дали во Управата има ангажирано лица што се пензионери. Директорот одговорил дека во моментот во Управата нема такви ангажирани лица.

Николовски тогаш појаснил дека прашањата од работен однос треба да бидат поставени до работодавецот, до министерот за внатрешни работи, а за останатите прашања не дал ниту потврден, ниту одречен одговор за работните задачи, ангажманот на неговиот прв соработник во УБК, Сиљан Аврамовски.

Аврамовски како заменик директор на УБК е пензиониран на 31 мај 2014 година со решение потпишано од министерката Јанкуловска. Но, пак со потпис на Јанкуловска тој „противправно останал на работното место заменик директор на УБК при МВР до неговото конечно пензионирање на 31 октомври 2017 година и спротивно на закон бил корисник на основна плата и други додатоци на плата надвор од закон цели 3 години или 36 месеци“, пишува во пријавата.

Освен кривична пријава до ОЈО, пратеничката Фросина Ременски за овој случај поднесе пријава и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Од ДКСК велат дека се работи на сите предмети поднесени од Ременски и дека конкретно за овој предмет бараат дополнителни документи од МВР. Од ОЈО засега нема никаков одговор.

А.Д.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе