АВИОНСКА НЕСРЕЌА

Шест лица загинаа по падот на авионот „пајпер“ кај селото Кожле

Спасувачките екипи ги пронајдоа изгорените тела на шест лица, патници во авионот „пајпер“ што патувал од Тревизо, Италија, преку Скопје до Приштина. Неофицијално, еден од загинатите е познат странски бизнисмен.

Полицијата потврди дека сите шестмина патници се загинати. Од нив четворица биле италијански, а двајца биле косовски државјани. Се претпоставува дека лошите временски услови биле причината за падот на авионот.

Јавен обвинител е веќе на терен, а полицијата го обезбедува местото на падот на авионот, два километри од селото Кожле, кај месноста Кремење, општина Петровец.

Во 17.40 часот авионот исчезна од радарите на контролата за летање на скопскиот аеродром. Авионот на аеродромот бил пријавен за полнење на гориво, по што требало да го продолжи летот до Приштина. 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе