Одбележување на 18 агуст

Шекеринска: Денот на Армијата му го посветувам на секој припадник што ја задолжи татковината

„Овој ден сакам да му го посветам на секој припадник на Армијата што ја оправда службата, покажа херојство и ја задолжи татковината. Денешното одбележување е посебно и ни дава обврска да се осврнеме на моментите кои уште еднаш ја потврдија силата на Армијата. Кои уште еднаш потврдија дека на мака се познаваат јунаците. Сакам да оддадам неизмерна почит кон сите војници, подофицери и офицери кои повторно станаа наши јунаци кога се соочивме со огнената стихија низ цела држава“, рече министерката Радмила Шекеринска во обраќањето на одбележувањето на Денот на Армијата.

Министерката за одбрана рече дека справувањето со пожарите ја потврди силата на сојузништвото и пријателството со земјите членки на ЕУ и на НАТО кои на земјава ѝ пружија голема помош. Според неа, климатските промени ќе бидат еден од клучните фактори кои ќе влијаат на нашата безбедност и дека тие диктираат нови потреби и во одбранбеното планирање и во регионалната соработка.

Таа потсети дека Македонија влегувајќи во втората година од членството во Алијансата започна комплексен и важен процес на интегрирање.

„Воената интеграција во НАТО е на брза трака и во целост ќе биде завршена оваа година. Паралелно, работиме и дома. Армискиот полигон 'Криволак' со поддршка од нашите сојузници, станува воен полигон од највисок ранг, а вежбата 'Одлучен удар 21' го покажа најдоброто во вас. Со успешната реализација ја поместивте татковината уште едно скалило погоре во безбедносната слика", рече Шекеринска.

Таа порача дека граѓаните постојано ја оценуваат Армијата како институција во која имаат најголема доверба и, како што рече, „довербата раѓа доверба".

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе