Шекеринска за условите од Софија: Сакаме со соседите да бараме решенија, а не игра на уцени, притисоци, кавги

Како Влада покажавме капацитет, трпение и мудрост на одредени прашања да најдеме решение, на некои прашања дури да имаме и различни ставови. Ќе градиме пријателства и ќе се трудиме да ги решаваме проблемите, изјави министерката за одбрана Радмила Шекринска за поддршката од Бугарија за добивање датум за преговори со ЕУ, но со одредени дадени услови.

Според неа, важно е што денеска можеме да кажеме дека сите наши соседи цврсто не поддржале да станеме членка на НАТО и на ЕУ. 

„Тоа не беше лесно и тоа не беше стандард во сите изминати години. На тој начин зрееме и ние како држава, мислам дека зрее по малку и регионот. Така ќе ги решаваме и идните предизвици. Меѓудржавните односи особено помеѓу соседи се секогаш, како викаат, ‘work in progress’, постојано има прашања кои ќе се изнесат на маса и дилемата е само дали ќе се трудите да ги решите или ќе се оддалечите повеќе”, рече Шекеринска.

Нашата држава, како што вели, во историјата платила огромна цена затоа што не била присутна на маса кога за неа се одлучувало. 

„Тоа сакаме да го направиме и во НАТО, тоа сакаме утре да го правиме и во ЕУ. Меѓутоа, првото правило што ќе го научите е дека ако не сте уште на масата не треба да лицитирате што ќе се случи. Ние очекуваме преговарачките рамки да бидат дефинирани согласно европските принципи, согласно европските вредности, а се разбира и согласно со принципот дека со соседите мора да се најдат решенија. Условувањата некогаш се покажуваат како корисен инструмент, некогаш се покажуваат како катастрофа и за регионот и за соседите. Сакаме со нашите соседи да бараме решенија, а не да ја играме играта на уцени, притисоци, кавги и прекинување на разговорот. Така ќе постапиме и во иднина”, изјави Шекеринска.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе