По посетата на Кичево

Шекеринска за фотографијата со симболите на УЧК: Тоа е веќе далеку зад нас, иконографиите не се репер за добро управување

Фотографијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со Фатмир Дехари, градоначалникот на македонската општина Кичево на која се гледа симболот на УЧК  предизвика бурни реакции по социјалните мрежи. Веднаш се појавија и други фотографии, ама очигледно фотошопирани. По бурните реакции се јави и министерката на својот фејсбук-профил.

Шекеринска не ја спори фотографијата.

„Дејствата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО. Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, пишува Шекеринска.

Инаку и на официјалната интернет страница на Кичево и на официјалниот фејсбук профил на градоначалникот симболите на УЧК се постојана иконографија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе