Посета на САД

Шекеринска во Вашингтон ќе се сретне со секретарот за одбрана Џејмс Матис

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на 01 мај во Вашингтон ќе има официјална средба со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис на која ќе биде потврдено стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и САД. Значењето на средбата е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел.

Средбата се реализира во рамките на посетата на министерката Шекеринска на САД која започнува на 26 април и ќе трае до 2 мај. Во рамките на посетата, таа ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер, а ќе има и средби во американскиот Стејт Департмент, Сенатот и Конгресот.

Шекеринска во Вермонт ќе се сретне и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј. Армијата на Република Македонија има развиена и сеопфатна соработка со Националната гарда на Вермонт, како наш партнер во реформите и развојот на вооружените сили.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе