Шекеринска во Центарот за обука на пилоти

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Од Министерството за одбрана најавија дека Шекеринска ќе се обрати по повод новиот конкурс за кандидати за обука за воени пилоти. Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата е во тек и трае до 1 август. На него може да аплицираат државјани на Република Северна Македонија, не постари од 28 години, со завршен прв циклус на студии односно со стекнати најмалку 180 кредити. Кандидатите во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка-селекција на земја, проверка-селекција во воздух.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе