Шекеринска во Брисел на состанок на НАТО за глобални прашања

Министерката Радмила Шекеринска, вчера и денес во Брисел учествува на министерски состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, втор пат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата.

„Северна Македонија активно учествува во дискусиите за важни глобални прашања. На првата сесија на состанокот на министрите за одбрана се зборуваше за непочитувањето на Договорот за нуклеарното оружје со среден дострел од страна на Русија. На состанокот, министрите за одбрана повторно ја повикаа Русија да ја напушти политиката на непочитување на овој Договор, кој е еден од столбовите за безбедноста на европскиот континент“, пишува во соопштението од Министерството за одбрана.

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, Шекеринска разговарала со министерките за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, и на Холандија, Анк Билјевелд Шоутен. И двете министерки изразиле силна поддршка за членството на нашата земја во Алијансата, а Шекеринска очекување дека ратификациските процеси и во овие две пријателски и партнерски земји ќе завршат во кус период.

На средбата со норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке - Јенсен, Шекеринска се заблагодари за ратификацијата на пристапниот протокол во норвешкиот парламент и рече дека надежта и амбициозниот план на нашата држава, како и посветеноста на сојузниците на прашањето на ратификација покажуваат дека истиот може да заврши во рекордно време, односно до декември годинава. Шекеринска и Баке – Јенсен заклучија дека билатералната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка е на исклучително високо ниво и се заложија оваа соработка да продолжи да се развива и како сојузници во НАТО – Алијансата.

Министерскиот состанок продолжува денеска со две сесии, од кои едната посветена на мисијата на Алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка“, по што се најавени и други билатерални средби со министри за одбрана на земји – членки на НАТО.

По самитот, Шекеринска ќе учествува на престижниот Бриселски форум, организиран од Германскиот Маршалов Фонд, каде ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе