За најавената интерпелација на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

Шекеринска: Токму тие ја сквернавеа НОБ

Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа горда епизода во нашата историја, вели високиот функционер на СДСМ Радмила Шекеринска како коментар за најавата од ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација за премиерот Зоран Заев по неговите ставови искажани за бугарската агенција БГНЕС.

„Можеби единствените кои немаат право да говорат многу за нашата антифашистичка борба е токму партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот. Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа горда епизода во нашата историја“, истакна Шекеринска.

Таа нагласи дека опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи во Собранието и оти, како демократи тоа ќе го прифатат, се подготвуваат, и од тоа ќе излезат како победници.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе