Шекеринска : Соработка со граѓанскиот сектор за остварување на владините приоритети

Конститутивна седница на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор се одржа денеска во владата, а со неа претседаваше вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Седницата, како што рече Шекеринска, не е формалност, туку начин преку кој со соработка со граѓанскиот сектор може да се помогне во остварување на владините приоритети.

„Ве гледаме како сојузник во борбата против ‘заробената држава’ која што не се победува на избори, туку се победува преку многу болни, тешки, понекогаш и долги реформи“, изјави Шекеринска.

Според неа, Советот не е само средство на граѓанските организации за постигнување на поголема гласност и влијание, туку и како начин до Владата да пристигнат повеќе информации и различни мислења за силен инклузивен дијалог, како многу потребен за Република Македонија.

„Како Влада, во изминатиот период обезбедивме и законски и процедурални услови за подолги дијалози по сите законски пакети и покажавме дека квалитетот ни е поважен од квантитетот“, рече Шекеринска, подвлекувајќи дека Владата посебно инвестира во темата на транспарентноста и инклузивноста.

Потсетувајќи на притисокот, кој врз граѓанскиот сектор се вршеше во минатото, Шекеринска додаде дека актуелната влада се залага да се елиминира однесувањето во кое граѓанските организации се сметаат за непријател на државата, затоа што критикуваат некого од власта, нарекувајќи го тоа однесување како антидемократско, антиевропско и антидржавно.

На денешната седница, освен членовите на Советот, беа присутни и претставници на Делегацијата на Европската унија.

Во текот на дискусијата за Предлог-деловникот за работа на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, присутните гласаа за формирање на работна група од четири члена, која до следната седница која е закажана за 9 мај, ќе ги усогласи и доработи одредбите на предложениот деловник.

 

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе