Шекеринска: Се надевам дека приемот во НАТО нема да ги одложи изборите во април

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се надева дека приемот на земјава во НАТО нема да влијае на најавените предвремени параламентарни избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали изборите може да бидат одложени, Шекеринска рече дека одлуката е донесена, има консензус и се работи на тоа изборите да бидат на 12 април. Истовремено, таа, како што рече, го прифаќа ставот на многумина кажан на лидерската средба, дека 30 години работиме на два стратешки приоритети членство во НАТО и во ЕУ.

„Овие приоритети се над сѐ останато. Апсолутно сметам дека треба да направиме сѐ што е во наша моќ навреме да се завршат постапките пред парламентарните избори и очекувам и се надевам дека тоа ќе се случи“, порача Шекеринска.

Според неа, членството во НАТО е успех број еден и ништо не смее тој успех да го загрози, па затоа Владата носи потези кои само не приближуваат кон НАТО.

„На овој Парламент мораме да му ја дадеме шансата да го заокружи процесот со успех. Не беше лесно да се биде пратеник во последните две и пол години. Се носеа тешки одлуки, се носеа одговорни одлуки и сега тие одлуки ќе бидат крунисани со остварување на овој голем државен успех. Северна Македонија станува членка на најмоќната воено-политичка Алијанса“, изјави Шекеринска.

 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе