Конференција за европска безбедност

Шекеринска: Работевме напорно и заслуживме да ги почнеме преговорите со ЕУ

Време е Европскиот совет да ја следи јасната препорака на Европската комисија и да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од Конференцијата за европска безбедност во Гармиш-Партенкирхен, организирана од угледниот Европски центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.

„Работевме напорно да создадеме аргументи за почеток на преговорите. Го решивме прашањето со Грција, потпишавме договор со Бугарија и со тоа Северна Македонија е единствената балканска држава која нема отворено прашање со кој било од соседите“, рече Шекеринска.

Според неа, земјава е брилијантен пример за помирување и добрососедство, а истовремено е посветена и на домашните реформи. За само 24 месеци, вели таа, со промената на претходната Влада, демократијата се консолидираше, зацврстено беше владеењето на правото и се навлезе кон решителни процеси на трансформација во сите области – политиките, јавната администрација и општеството.

„Во реформските чекори, не беше испуштена ниту одбраната каде што беа направени суштински чекори – донесување на клучни, стратегиски документи, грижа за секој припадник на Армијата, развој на интероперабилноста“, изјави Шекеринска.

Од аспект на односите и влијанијата во Југоисточна Европа, како тема на Конференцијата, таа посочи дека постоеле обиди за дезинформации поврзани со процесот на полноправно членство на Северна Македонија во НАТО, особено пред референдумското изјаснување на граѓаните за договорот со Грција. Единствениот одговор на овие дезинформации, рече Шекеринска, е земјата да е цврста и сигурна на својот зацртан пат и да има силно лидерство.

„Северна Македонија, како што рече, знае каде оди и има храбри и силни лидери.

На маргините на конференцијата, Шекеринска се сретнала со заменик директорот на Европскиот центар за безбедносни студии, бригаден генерал Јохан Бергер, кому му се заблагодарила за можностите за едукација и образование на персонал од Министерството за одбрана и од

Армијата во „Џорџ Маршал“ центарот. Од 1998 година досега, над 400 лица завршиле курсеви реализирани од овој Центар, додека над 700 учествувале на разни активности организирани од „Џорџ Маршал“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе