Шекеринска: Проблемите не се решаваат ако со двете нозе сме во минатото

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите. Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја. Денешните предизвици не може да се решаваат исклучиво ако со двете нозе сме во минатото, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Нашето антифашистичко минато нѐ стави на вистинската страна на историјата меѓутоа денешните предизвици не можат да се решаваат исклучиво ако сме со двете нозе во минатото. Тоа го направија и европските држави само неколку години по најкрвавата војна во својата историја“, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на донацијата во брзи тестови за ковид од Кралството Норвешка.

Според неа, во таа насока е и последното интервју на премиерот Зоран Заев кое испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.

„Никој во Европа не мрднал еден чекор од конфликтите и страдањата, зборувајќи само за нив, туку правејќи контраст меѓу она што сме виделе, што сме почувствувале како сме страдале и она што сакаме да биде“, рече Шекеринска.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе