Брисел

Шекеринска-Панајотопулос: Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден и стабилен регион

Во пресрет на првата сесија на заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет, посветена на операциите и мисиите на Алијансата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера попладне имаше билатерални средби со своите колеги, од Грција, Никос Панајотопулос, и од Естонија, Јури Луик.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со новиот грчки министер за одбрана, Панајотопулос, Шекеринска истака дека двете држава треба да градат блиски билатерални односи и дека соработката на полето на одбраната ќе придонесе за тоа. Двајцата министри го поздравија спроведувањето на мисијата „Air policing“ од страна на грчкото воздухопловство, за што началниците на Генералштабовите на армиите минатиот месец потпишаа и Технички аранжман.

„Преспанскиот договор ги отвори вратите за членство во НАТО, а реформите го обезбедија. И Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден, стабилен и економски сигурен регион“, истакна министерката која се заблагодари за грчката поддршка за отворање на пристапни преговори на неодамнешниот Самит на ЕУ.

Грчкиот министер, Панајотопулос, се наведува, порача дека двете земји со меѓусебна почит и со добра волја, имаат шанса да изградат подобра иднина за своите граѓани. Договорот за соработка во одбраната, истакна тој, отвара многу можности за соработка и припадниците на двете армии ќе можат подобро да се запознаат, да вежбаат и да се усовршуваат заедно, како сојузници. Панајотопулос се согласи дека за Балканот да биде мирен и стабилен потребно е да има искрени и добри односи помеѓу соседите.

На средбата со естонскиот министер за одбрана, Јури Луик, пак, министерката се заблагодари за брзата ратификација на пристапниот протокол од страна на официјален Талин, и истакна дека овој процес продолжи да се движи со исклучителна брзина со оглед дека парламенти на 26 земји членки веќе го завршија ратификацискиот процес.

„Министерот Луик порача дека Естонија со нетрпение го чека денот кога Северна Македонија ќе биде полноправен член на НАТО, а во контекст на Европската Унија додаде дека земјата требаше да добие позитивна одлука и дека ова е само фаза, која ќе биде надмината“, се наведува во соопштението.

Министерката Шекеринска на заедничкиот состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО, посочи дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата, како и на учеството во мисии и операции предводени од НАТО. На состанокот, министерката се заблагодари за доследноста на Алијансата и за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО, кој помина во парламентите на 26 земји членки.

Состаноците на министрите за одбрана во Брисел на кои учествува министерката Шекеринска, продолжуваат денеска, стои во сооштението.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе