НАТО-Карван

Шекеринска од Куманово: Евроатлантскиот курс останува непроменет

 Членството во најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата значи дека влегуваме во еден систем на колективна безбедност, дека каков било напад на државата, значи напад на сите останати 29 земји-членки, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на синоќешната панел дискусија во Куманово посветена на придобивките од членството на нашата држава во НАТО, како дел од НАТО-Карванот организиран од Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

„Освен политички знак, членството во Алијансата е и знак за позитивните економски трендови. Во годината во која што ја добивме поканата за НАТО ние имавме четири пати повеќе странски инвестиции од претходната година, односно повеќе од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година. Членството во НАТО има и позитивна политичка, но и позитивна економска страна“, рече Шекеринска.

Според неа, „на земјава наскоро ѝ претстојат одлуки кои ќе покажат дека граѓаните немаат дилема околу нашата евроатлантска ориентација”.

Шекеринска кажа дека реформите во одбранбениот сектор се реализираат и за членството во НАТО, но и за нашата држава, нашата Армија, нашите војници и дека наскоро ќе бидат објавени серија мерки кои значително ќе го подобрат стандардот на припадниците на Армијата и статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст. Таа уште информираше дека по 10-годишно намалување на финансирањето на одбрана, три години по ред овој сектор бележи зголемување на одбранбениот буџет, зголемување на платите за припадниците на Армијата за десет проценти, а од минатиот месец за дополнителни пет проценти и за војниците и за сите останати вработени во одбраната.

Шекеринска додаде и дека армискиот состав се подмладува – минатата година со 375 нови професионални војници, годинава досега со 125, а до крајот на 2019-тата уште со 125 нови војници.

На панел дискусијата учествуваше и амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ која искажа поддршка на нашата земја по минатонеделните одлуки на ЕУ.

“Црна Гора ја дели разочараноста со вас и очекува ЕУ да вдахне нова енергија во преговарачкиот процес со Балканот”, рече амбасадорката.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе