Шекеринска очекува Пендаровски да ги поништи указите од Иванов за поставувањата во АРМ

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека указите на претседателот во заминување Ѓорге Иванов за унапредувањата и поставувањата во Армијата се незаконски и не само што треба да бидат поништени, туку и оти парите од зголемените плати треба да се вратат, иако, „многу побитна е пораката на Комисијата дека законот важи за сите”.

„Мислам дека многу поважна беше политичката порака дека законот важи и за секој претседател, како што важи за премиер, за секој министер… Претседателот во заминување Иванов очигледно сакаше да покаже дека за него ништо не важи и затоа според официјалниот допис од Антикорупциска против него се покренува прекршочна постапка”, рече денеска Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во изјава пред Владата и додаде дека очекува потребните документи да бидат доставени до ДКСК в понеделник.

Таа смета дека новоизбраниот претседател Стево Пендаровски има ингеренции да постапува во врска со овој случај и очекува тој тоа да го направи.

„Дефинитивно, сегашниот претседател ги има сите ингеренции што има еден претседателот во полн капацитет, особено во делот на поставувањата тоа ќе биде одлука која ќе ја носи Пендаровски”, рече таа.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе