За случајот „Рекет“

Шекеринска: Никој нема да добие политичка заштита, секој што е вмешан ќе одговара

Законот важи за сите, никого не штитиме и овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со случајот „Рекет“.

„Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се сечени, лепени и монтирани. Кога ќе се види криминал, институциите реагираат и двајца се веќе во притвор. Кога за првпат излегоа некакви информации, не во јавност, премиерот го пријави случајот на надлежните институции институции.

Ние кажавме дека од прв до последен не сме заштитени, покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас. Даваме поддршка и очекуваме и обвинителството и другите институции да си ја завршат работата. Никој од нас нема да очекува ниту пак ќе добие политичка заштита“, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со американскиот воен претставник Најт.

Во однос на барањето на претседателот Стево Пендаровски за политичка одговорност, Шекеринска вели дека Владата не е единствена што има политичка одговорност и дека  секој кој бил вмешан и овозможил да дојде до ваков криминал ќе сноси одговорност.

Граѓаните, како што рече, очекуваат не само политичка, туку и кривична одговорност и околу тоа прашање владата нема да прави компромис.  

Таа ѝ порача на опозицијата дека „секој кој сака да помогне во барањето одговорност за кршење на законот, тоа треба да го покаже на најлесен и највидлив начин со поддршка на законот за јавно обвинителство". Според Шекеринска, преговорите со опозицијата за законот се одвиваат веќе предолго време по клучното прашање и за власта и за граѓаните, но и за почеток на преговорите со ЕУ, а тоа е законот за СЈО.
„Новото обвинителство ќе се занимава со поранешни, но и со актуелни нови случаи. Покажавме дека со ова не правиме компромис. Очекуваме, бараме и повикуваме опозицијата која секој ден по пет пати спомнува правна држава и бара одговорност да покаже дека и таа ја носи одговорноста со поддршка на законот", изјави Шекеринска.
На прес-конференцијата Шекеринска ја прашаа и дали била на гости кај Боки 13.
„Сакам да дозволам истрагата сѐ да покаже. Многу лаги беа кажани. Ако дозволиме на секоја од тие лаги да реагираме, криминалците ќе се скријат а ние ќе се занимаваме со оговарање. Ја поддржуваме истрагата и на никој начин и во ниту еден момент не сме се довеле во ситуација да поддржуваме криминал и корупција", одговори Шекеринска.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе