Шекеринска: Ни треба Влада што ќе размислува исклучиво за најважните политички прашања

Во првите 10 дена од јуни треба да завршат коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што Владата треба да има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за разговорите за владината реконструкција.

„Сметавме дека до извештајот на Европската комисија и првите неколку дена фокусот треба да ни биде таму. И тоа се покажа исправно. Извештајот на Европската комисија покажа дека оваа држава навистина направи не серија реформи, туку направи чудо на регионален, но и на домашен план. За тоа да продолжи и во преговорите да влеземе со целосен капацитет, мора да си ги завршиме и домашните обврски“, рече Шекеринска, по денешната средба во Министерството за одбрана со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Фото: МИА

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе