Шекеринска нема да се кандидира за партиска функција на 16 конгрес на СДСМ

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ, вели дека нема повторно да се кандидира за високата партиска функција на претстојниот конгрес на 16 мај.

 

„Тука не се гласа доверба, за некој да ја зачува позицијата, туку практично одиме со изборен конгрес. Во тек се процедури на предлози на општинските организации. Добив прашање од мојата општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека навистина и СДСМ, меѓутоа и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон конгресот ни е да формулираме нови политики, а тие да бидат и подобри“, изјави денеска министерката за одбрана Шекеринска.

Таа денеска беше прашана и за амбасадорското место во САД, но рече дека нема воопшто дискутирано на таа тема и дека веќе е заморена од шпекулации.

„Во ниту еден момент не сум учествувала во дискусија по оваа тема. Вие знаете дека таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информации, дезинформации, деманти. Мислам дека е тема која што не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое особено станува значајно имајќи предвид дека новиот избран претседател доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Но, ќе дозволите, тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку се дискутира во рамките прво на министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас веќе се чувствувам заморено од тоа постојано да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра“, кажа Шекеринска.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе