Шекеринска најави дека секој припадник на Армијата месечно ќе добива по 7.000 денари за станарина

Секој припадник на Армијата, без оглед дали се работи за воен или за цивилен персонал, од 1 март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, изјави денеска министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Пред медиумите Шекеринска кажа дека новото решение предвидува апсолутно користење на првато на закупнина за секој припадник на Армијата.

„Вкупната сума која Министерството за одбрана за следната година ќе ја искористи од својот буџет и ќе ја насочи кон припадниците на својата Армија изнесува над седум милиони евра и оваа сума ќе влезе во буџетите на над 6.000 семејства во нашата земја”, рече Шекеринска.

Според неа, новото законско решение за користење на средствата за закупнина нема да важи само за припадниците кои добиле станови од поранешна ЈНА.

„Наша цел е да влеземе во НАТО со Армија која ќе биде горда и на својата припадност и на својата земја. Армија која ќе биде мотивирана, посветена на своите задачи и соодветно наградена од државата. Неодамна реков дека не се менуваме заради НАТО, туку се менуваме поради самите себе, поради нашите потреби, заради желбата да живееме подобро и да имаме подобра држава. Нашите војници, старешини, сите офицери, припадници на Армијата вложуваат секојдневно во себе, преку тренинзи, преку обуки преку други активности којшто им го овозможуваме заедно со идните наши сојузници. Ред е и државата да продолжи да вложува во нив”, рече Шекеринска.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе