Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од денеска во Брисел, во седиштето на НАТО учествува на дводневниот состанокот на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

Како што соопшти Министерството за одбрана, ова е второ учество на Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата.

Во Брисел, Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска, а по дводневниот министерски состанок ќе учествува на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе