На гостувањето на „Само вистина“

Шекеринска: Кај Боки-13 дома, заедно со Јанева зборувавме за Законот за јавно обвинителство

Во ниту еден момент не ја лажев јавноста. Се имам сретнато и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Но, јас немам никаква поврзаност со акциите на тие двајца за кои се соочија пред судот, рече Радмила Шекеринска коментирајќи ја снимката која се појави на интернет на која се гледа дека во домот на Бојан Јовановски се Катица Јанева и таа.

На вчерашното гостување на ТВ Канал5, Шекеринска рече дека оваа снимка е интересно што прво покажува дека не бил само еден што снимал во тој случај и тоа го нарече како „интересни заднински врски“.

„Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство“, додаде Шекеринска.

Според неа, случајот „Рекет“ покажал дека судството може да функционира и тоа со сите маани во правосудниот систем со кои се соочуваме сè уште.

На 6 јули на Јутјуб беше објавена видеоснимка на која се гледа како во домашна атмосфера седи Бојан Јованоски-Боки 13 заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и уште една личност снимена одзади, најверојатно Радмила Шекеринска.

Видеото е објавено од корисник на Јутјуб со име „Боки и другарките другари-ки“ и трае 29 секунди.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе