Шекеринска: Испадна дека на 27 април сите не спасувале, а излеговме со крвави глави

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сакаше да го коментира вчерашното тврдење на Мунир Пепиќ, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, дека и помогнал да го напушти Собранието. Таа додаде дека на крајот ќе излезе дека сите ги спасувале пратениците, а тие, како што нагласи излегле со крвави глави. 

„Не би сакала да говорам за нешта што треба да го констатира истрагата. На крајот на месецов сум поканета како сведок по предметот против човекот што ми ја зададе најголемата повреда на главата. Така што тогаш првпат ќе ги споделам информациите. Навистина не можам да коментирам туѓи изјави, но испадна дека на 27 април сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави“, рече Шекеринска одговарајќи на прашање по положувањето цвеќе на споменикот на загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе