Шекеринска и Османи примија донација од заштитна медицинска опрема од Бугарија

Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за странска помош во земјава, Бујар Османи денеска од бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов примија донација од од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири, наменети за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата.

На примопредавањето на донацијата, Шекеринска се заблагодари и порача дека во период кога и Бугарија се соочува со оваа голема глобална криза, покажува вистинска солидарност на две пријателски, соседни земји, сојузници во НАТО.

Османи посочи на значењето на меѓусебното помагање во време на глобална криза, како израз на добрососедските односи меѓу двете земји и промоција на европската солидарност на дело. Тој порача дека заштитната опрема ќе биде употребена за вистинската намена – борба против глобалната пандемија предизвикана од ковид-19 и дека ваквата соработка е во насока на исполнување на заедничката цел за европска иднина на целиот регион.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе