Шекеринска и Османи на состанок на НАТО: Од 1 мај сојузничките сили се повлекуваат од Авганистан

Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат со повлекување од Авганистан, одлучија министрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.

Сојузниците очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, а главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. На состанокот била реафирмирана силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.

Земјите-членки на Алијансата се заложија за зајакнување на дипломатските напори за изнаоѓање на политичко решение и успешно завршување на мировниот процес во Авганистан преку внатрешниот инклузивен дијалог во рамките на земјата.

На состанокот министрите го анализирале и новиот развој на настаните во и околу Украина, при што била изразена загриженост за дејствијата од страна на Русија и зголеменето распоредување на воени трупи на границата со Украина.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, била изразена силна и едногласна поддршка за Украина, како и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Исто така, била потенцирана и поддршката на политичкиот дијалог во рамките на Договорот од Минск, за што ја повикаа Русија да се придржува до начелата на овој договор во насока на деескалација на тензиите и зацврстување на глобалниот мир и безбедност.

Македонија е присутна во Авганистан од 2002 година и во рамките на мисиите учествуваше со повеќе од 3.100 лица меѓу кои, штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал. Во моментов Македонија во мисијата во Авганистан придонесува со 22 припадници на Армијата.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе