Шекеринска: До петок ќе се знаат имињата на новите министри

До петок до пратениците ќе бидат доставени предлозите за новите имиња на министрите за кои ќе се дискутира на пленарна седница во вторник, а истиот ден на владина седница ќе се разговара и за смена на директорските места, најави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

„Ветивме промени и во партијата и на државните позиции. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција ќе биде доставен во Собранието“, изјави Шекеринска во синоќешната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.

Кадровските промени во СДСМ, според неа, не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции.

Според неа, со промените во СДСМ докажале оти се свесни за одговорноста дадена пред граѓаните.

„Со изборот на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ во кој повеќе од половина се жени, како партија покажавме дека го почитуваме сопствените принципи, го почитуваме сопствениот збор. Велиме дека сакаме повеќе жени во политика и тоа го реализираме. За првпат во партијата во највисокиот извршен орган имаме Ромка, која има долгогодишно искуство како граѓанска активистка за ромски прашања. Покажавме дека и како партија на власт знае да се менува, покажавме дека не сме затворени во сопственото партиско јадро, дека сакаме луѓе со знаење, со искуство“, рече Шекеринска.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе