Шекеринска, Димитров и Јанкович пред Лондонскиот самит: Членството во НАТО е само почеток на процесот

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација, во чиј состав ќе бидат и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, која на 3 и 4 декември на Самитот на НАТО во Лондон ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување на земјава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки, а во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30-та членка.

Во Скопје денеска се одржа последниот координативен состанок пред претстојниот Самит, на министрите Шекеринска и Димитров со шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанкович.

„За неколку дена во Лондон се организира лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки“, рече  Шекеринска по состанокот.

Таа напомена дека политиката на отворени врати вродила со плод, со добивање на уште една, 30-та членка на Алијансата.

Димитров изјави дека земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО и додаде дека веќе е подготвен нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Тој потсети дека неодамна учествувал по втор пат на министерски состанок на ниво на шефови на дипломатии на земјите од НАТО во Брисел.

„Укажав дека нашиот ентузијазам го насочуваме во завршување на реформите, ја почитуваме заложбата во однос на споделувањето на товарот, како што кажа генералниот секретар Столтенберг, убаво е да се има пријатели, моќни пријатели“, рече Димитров.

Полковникот Јанкович изрази задоволство што имал можност со Шекеринска и Димитров да направат резиме на сите случувања и активности пред претстојниот Самит, на кој, како што рече, ќе се дискутираат важни прашања за Алијансата.

„Ќе имате можност да седите на иста маса со лидерите на НАТО, што е важен знак за вашата посветеност и напорите, што ги направивте изминатите две години. Ова е резултат на работата на оваа Влада, но ќе потенцирам дека тука голема заслуга имаат министерствата за одбрана и за надворешни работи“, изјави Јанкович.

На прашањето на што ќе треба да се фокусира земјата по официјалното членство, Јанкович рече дека досега напорно се работело, а понатаму треба да се продолжи во насока на интеграција на структурите на Армијата, Министерството за одбрана и на Министерството за надворешни работи.

Министрите на средбата ја пренесоа заложбата на Владата за конкретен придонес како идна 30–та земја членка на Алијансата, во унапредувањето на трансатлантското единство и безбедност, како и нашата посветеност кон праведната распределба на финансискиот товар; поддршката во борбата против тероризмот; придонесот во концептите на НАТО за одвраќање и одбрана; за поддршката на политиката на НАТО за проектирање на стабилност; определбата за наше натамошно учество и придонес во меѓународните операции; подготвеноста за справувањето со неконвенционалните безбедносни закани, како и за други прашања од заеднички интерес на Алијансата, кои придонесуваат за побезбедна евроатлантска област.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе