Министерство за одбрана

Шекеринска: Армијата ќе ја контролира границата, ќе ја чува Владата, Собранието, затворите...

Целата гранична линија, т.н. зелена линија од денеска ќе биде чувана само од припадниците на армијата, а полициските сили ќе се повлечат од таа задача и ќе се ангажираат во внатрешноста. Армијата и полицијата заеднички ќе имаат мобилни екипи и ќе го контролираат влезот и излезот од одредени населени мести и во реоните каде се ангажирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Заедничките полициско-армиски патроли ќе го контролираат и спроведувањето на полицискиот час и на мерката за самоизолацијата. Третата задача на армијата ќе биде и  физичкото обезбедување на виталните државни објекти, како на пример Собранието, Владата, затворите. Армијата нема да ја преземе улогата на затворска полиција, туку само надворешна контрола. Армијата ќе функционира исклучиво во комбинирани тимови со полицијата“, рече Шекеринска. 

Министерката информираше и дека воената полска болница целосно ќе биде ставена на располагање на јавното здравје и ќе биде монтирана во близина на Инфективната клиника во Скопје.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе