Разговори во Рим

Шекеринска-Амендола: Недоделувањето датум за преговори за Скопје и Тирана е сериозна историска грешка

Преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ треба да започнат што поскоро, за да се зачува кредибилитетот на процесот на проширувањето и да се обесхрабрат идеите за промена на границите на Балканот, што би значело дестабилизација на овој дел од Европа, оцениле министерката за одбрана Радмила Шекеринска и потсекретарот за европски политики во италијанската Влада, Винченцо Амендола на средбата во Рим.

„Ветото на Бугарија го нарушува креидбилитетот на процесот на проширувањето на Европската Унија. Избледувањето на европската перспектива за земјите од регионот ги охрабрува идеите за прекројување на границите и го вклучува алармот. Ние ги делиме европските вредности и регионот не смее да се турне назад во национализми. ЕУ има одговорност да ги донесе вистинските одлуки и да ја обнови европската перспектива за земјите од регионот кои тоа го заслужуваат, тоа е најдобрата гаранција за стабилност и напредок на регионот како дел од Европа“, изјавила Шекеринска на средбата со Амендола.

Тој, пак, како што соопшти Министерството за одбрана, ја потврдил позицијата на Италија како силен поддржувач на целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ и оценката дека недоделувањето на датум за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ е сериозна историска грешка што треба да биде исправена.

„Италија ќе продолжи активно да лобира за што побрзо отворање на пристапните преговори и одржување на првата меѓувладина конференција во најкус можен рок. Италија е со вас“, порачал Амендола.

 

 

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе