Шасивари: Пендаровски ја доби функцијата на Макрон, со доделувањето на мандатот влегуваме во правна неизвесност

Доделувањето на мандатот без претходно обезбедено парламентарно мнозинство и без функционално Собрание, според универзитетскиот професор по право, Јетон Шасивари, е преседан кој се случува првпат во демократската и парламентарната историја на Северна Македонија.

„Со доделувањето на мандатот беше инсталиран нов политички преседан. Значи, првпат во парламентарната историја на нашата земја, беше доверен мандатот за формирање Влада, без претходно да има некаков допис“, истакна Јетон Шасивари за ТВ 21.

Со оваа одлука, како што вели Шасивари, шефот на државата, Стево Пендаровски, добил уставна функција која ја има само францускиот Претседател, Емануел Макрон. Поради тоа што нашиот Устав е целосно поинаков од оној на Франција, професорот смета дека земјата влегува во правна неизвесност.

„Оваа уставна функција за назначување на премиер без никаква обврска за тоа да ги консултира сите парламентарни партии, ја има францускиот претседател, Емануел Макрон, во сосема поинаков модел на организирање на Уставот, кој е суштински поинаков од нашиот систем и модел на Уставот и на организирање на централната власт. Затоа велам – од пред два дена ние како држава влеговме во ситуација на правна неизвесност во однос на конституирањето на нов постизборен политички систем“, додаде Јетон Шасивари.

Дилеми гледа и во комбинирањето на двата члена од Уставот, односно на Членот 84 став 1 алинеја 1, каде се вели дека шефот на државата го определува мандатарот за формирање на Владата и членот 90 став 1 во кој пишува дека кандидатот пред да го добие мандатот треба да има обезбедено парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник во Собрание.

„Во јавност се покренува дилема дека во вакви услови, кога имаме нефункционален Парламент – да не случајно претседателот ја присвојува за себе уставната функција, која ја нема согласно нашиот Устав? Во името на членот 84 за определување на мандатарот, фактички да го назначи и премиерот, а не да го определи мандатарот за формирање на Владата“, додава Шасивари.

Но, Пендаровски е убеден дека не прави преседан, бидејќи како што вели, до нивната архива никој нема доставено доказ дека обезбедил мнозинство во Собрание за да го додели мандатот. Единствениот случај, како што објаснува, кога бил доставен доказ дека има обезбедено 61 пратеник, било по изборите во 2016 година, кога екс-претседателот Ѓорге Иванов, одбиваше да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како втора партија по бројот на освоени пратеници.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе