Брисел

Шарл Мишел, претседателот на ЕУ в петок на средби со македонскиот државен врв

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел в петок ќе престојува во Македонија, што е негова прва посета на земјава откако е на оваа функција.

Шарл Мишел ќе дојде во земјата само една недела по посетата на еврокомесарот Оливер Вархели, што зборува за значењето што Брисел го дава на земјата, на новата политика за проширување и на одлуката за почнување преговори со Македонија.

Се очекува новата методологија за прием на нови земји членки за ЕУ да се објави пред посетата на Мишел.

Тој во Скопје ќе оствари средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес во земјава.

Претседателот на Европскиот совет, пред околу еден месец во интервју за неколку европски весници, оцени дека до мај, кога ќе биде одржан Самитот ЕУ-Балкан во Загреб, треба да биде јасно како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа би било формален услов за согласност за Унијата да ги почне преговорите со Македонија и Албанија.

Посетата на првиот човек на Европскиот совет, доаѓа десетина дена откако во Скопје допатува еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, кој ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе