ДЕНЕСКА

„Шарената револуција“ протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“, објави агенцијата „Мета“.

Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор.

Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“.

„Додека се местевме со инструментите, помина едно момче во автомобил и ни покажа прст. Не знам дали така се поздравувате во Штип, но уште полошо поминав во мојот роден Охрид. Таму ме колнеа“, рече Ристиќ, пред да ја испее „Мајка на Никола думаше“.

На протестот на „Шарената револуција“ во Штип, вечерва присуствуваше и поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

„Кога го почнавме проектот ’Вистината за Македонија’, падот на Груевски го меревме во месеци, но како одминува времето, падот на Груевски го мериме со денови. Затоа што за овие 60 дена на протести граѓаните му порачаа дека повеќе ништо не зависи од него“, рече Ременски.

Блокади на сообраќајници имаше и во Струмица, а протест на „Шарената револуција“ вечерва се одржа и во Тетово.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе