НОВИ ПРОТЕСТИ

Шарената револуција продолжува, претстојат герила-акции и блокирање на институциите (ФОТО+ВИДЕО)

„Крвта не е боја! Бојата се пере!“, е мотото на вечерашниот протест, кој почна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство под знакот на петгодишнината од убиството на Мартин Нешковски.

 

Со транспарентот на кој пишува „Ова е крајот! Заради Мартин, за сите“ граѓаните што вечерва се собраа во голем број пред СЈО, како што беше на почетокот на протестите пред речиси два месеца, го почнаа протестниот марш, придружувани од камионче, наместо досегашното комбе, „опремено“ со звучници. На маршот вечерва се придружија и претставници на помалите опозициски партии.

„Уште едно од нашите барања е исполнето, аболицијата е целосно поништена! Не е џабе, се гледаме на протест пред СЈО!“, порача кусо пред почетокот на протестот движењето Протестирам.

Според членови на движењето, укинувањето на аболицијата не значи дека протестите ќе прекинат. Напротив, Протестирам најавува дека нема да прекине со протестите, се додека не се исполнат сите нивни барања. Засега, исполнети се барањата за одлагање на изборите и за укинување на аболицијата, но демонстрантите додадоа уште едно, ослободување на активистите.

Од вечерва Протестирам најавува поинакви активности, но не ги откриваат предвреме. Засега се знае, според нивните зборови, дека ќе блокираат институции и ќе започнат со герила-акции.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе