ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ

Шарена револуција: Нов крик утре пред СЈО, нема правда нема мир!

По протестот од понеделникот и вчерашната блокада, „шарените револуционери“ за утре од 18 часот повикуваат на нов масовен протестен собир во Скопје. Со протестот кој ќе започне традиционално пред протесториите на СЈО, велат од движењето, ќе им кажат на  властите дека одбројуваат и дека нивните барања се бескомпромисни.

„Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Повторно ќе бидеме на улица, повторно ќе протестираме! Да им кажеме дека одбројуваме до 18 јуни. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“, велат од „Шарената револуција“.

Покрај двете барања за кои испорачаа рок до 18 јуни, од таму ги нагласуваат и останатите барања - оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Исто така, формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија и задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Бараат таквиот процес да се одвива на територија на Република Македонија.

Инаку, демонстрантите на Шарената револуција денеска ќе протестираат во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен, Свети Николе и Битола. Сите протести се најавени за 19 часот, освен во Битола кој ќе започне во 18:30. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе