РЕАКЦИЈА

Шарена револуција: Ги осудуваме сите форми на насилство, без разлика од кого се иницирани

#Шарена револуција/#Протестирам ги осудува сите форми на насилство кон граѓаните без разлика од кого се тие иницирани. Во времиња кога нашата држава тоне во автократија, ние мора да останеме присебни и обединети во борбата против оние кои сакаат да ни ја одземат слободата. Нашите оружја се храброста, аргументите и слободната мисла. Ја осудуваме секоја форма на агресија бидејќи тоа е јазикот на власта, реагира „Шарената револуција“ преку социјалните мрежи.

 

Оваа реакција доаѓа откако денес повеќе медиуми објавија за инцидент за време на блокадата кај Соборниот храм во Скопје, а од „Шарената револуција“ велат дека нема да дозволат изолирани случаи да го оцрнат нивниот крик за слобода. Потенцираат дека „Шарена револуција“ / „Протестирам“ од ден во ден обединуваат се повеќе граѓани.

„Патот кон слободата е напорен и тежок. Иако е тешко во време на лудило да се остане со мирно срце, ве повикуваме да им одолеете на провокациите и да ги изолирате провокаторите. Тоа не прави нас различни од насилниците на власт. За време на денешната блокада на раскрсницата кај Соборен храм, едно лице преку упатување вербални закани и пцовки се обиде и делумно успеа да испровоцира помал инцидент. За среќа немаше повредени и лицето веднаш ја напушти локацијата. Се решивме да тераме ненасилна борба против режимот и цврсто стоиме на тоа. Ги замолуваме сите граѓани за воздржаност на ваквиот вид на провокации и поголема толеранција. Насилството не е решение! Искрено жалиме за изолираните инциденти, тие не ги одразуваат нашите намери и ставови“, стои во реакцијата на „Шарената револуција“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе