Локални избори

Шанса за Центар со порака: Со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме

Според првичните резултати, Шанса за Центар е на третото место по бројот на освоени гласови. Од таму им се заблагодарија на своите поддржувачи и на гласачите што ја препознаа, како што велат, оваа шанса за поинаков Совет на општина Центар и потврдија каде е најголемата моќ за подобри локални политики.

„Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме. Голема благодарност до најтесниот тим, до креативниот тим, до сите оние кои се приклучија на нашата платформа и ги вложија своите ресурси во реализација оваа идеја. Сакам да порачам дека нашата иницијативата полна енергија и ентузијазам, солидарност и сплотеност ќе продолжи и ќе расте. Во неа сме обединети граѓани со исти вредностите за достоинствен живот, инклузивност и еднаков пристап до јавните ресурси. Иднината ќе ја обележиме со поддршката кон нашите советници и во чекорите кои следат, во креирање квалитетни решенија за унапредување на квалитетот на живот во Општина Центар“, велат од Шанса за Центар. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе