Шаленберг: Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан

Александер Шаленберг, aвстрискиот министер за надворешни работи во Софија изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни.

Шаленберг додаде дека не треба да се дозволи „поинаков начин на живот" во регионот на Западен Балкан.

„Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан,“ предупреди тој во Софија.

Шаленберг имаше средба во Софија со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на која станало збор и за геополитичката ситуација по руската инвазија.

На прес-конференција Генчовска нагласи дека постои постојана поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

„Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест,“ изјави таа.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе