Во интервју за МИА

Шаленберг: Австрија е подготвена да посредува меѓу Скопје и Софија ако не можат сами да го решат спорот

Скопје и Софија не треба да губат време без оглед кога ќе се формира новата бугарска влада и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување за да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, порачува австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг во интервју за МИА.

Шаленберг уште вели дека бил охрабрен од фактот што партиите со нагласена националистичка агенда не биле наградени од страна на бугарските гласачи.

„Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо“, вели Шаленберг на прашањето колку се реални очекувањата да ги започнеме преговорите со ЕУ за време на португалското претседателство.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

„Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети“, додава тој.

Во однос на нон-пејперот за прекројување на границите на Балканот, кој наводно произлегол од словенечкиот премиер Јанез Јанша, австрискиот министер вели дека не гледа причина за поголем коментар околу него, поради сѐ уште нејасното авторство на документот.

„Сепак, една работа треба да биде јасна, а Австрија има цврст став околу тоа- територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина не е на располагање под никакви услови“, порачува Шаленберг.

Шаленберг уште говори и за улогата на Виена како координатор на помошта на ЕУ за Западен Балкан и најавената испорака на 651.000 дози од вакцината Бионтек/Фајзер од кои 119.600 за Македонија, за ставот на Виена околу воведувањето на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош, за процесот на дистрибуција на вакцини во самата ЕУ, како и за тоа дали Унијата падна на тестот на сопствените принципи за солидарност.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе