Шахпаска за една недела очекува одговори од министрите за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција најави дека денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори во рок од седум дена да достават мислења за нацрт верзијата на измените на Законот за работни односи, што се однесуваат на предлогот недела да биде неработен ден.

Нацрт-верзијата е готова и таа дефинира дека недела е неработен ден доколку со друг закон или колективен договор не е решено поинаку.

Шахпаска појаснува дека на пример Министерството за економија има најголем дел закони кои се однесуваат на регулирање на материјата.

„Пред сѐ, говорам за угостителство, за трговија, за туризам…Тоа се области кои се предмет на регулирање во Министерството за економија. Дополнително, Министерството за транспорт и врски ги регулира областите во делот на јавниот превоз кој функционира и во недела, околу тоа колкав ќе биде опфатот дали сите ќе работат, непрекинато како во обичен работен ден…МИОА регулира некои области. Како МТСП и врз основа на анализата ценевме и сфативме дека медиумите не се регулирани. И оттука во овој системски закон сме дале некои насоки како треба да се движи дефинирањето на овој закон. Морам да истакнам дека после носењето на овој закон сакаме да има разумен период, неопходен, за и останатите министерства ги прилагодат своите материјални закони со ова решение“, рече Шахпаска.

Во текот на подготовката на оваа нацрт верзија на законот МТСП имало меѓусекторски и меѓуресорски консултации, а според неа, ставот во делот на тоа кои дејности и кои области во општественото живеење би биле изземени со овој закон треба заеднички да се изгради. И покрај тоа што недела би била неработен ден треба да се обезбеди непречено функционирање на витално важните функции на државата, односно 24-часовна покриеност на оние дејности кои им се неопходни на државата како здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби кои се под ингеренции на општините и останати.

„Значи, останува повратна инфоормација од министерствата кои имаат простор уште една седмица да ја видат оваа драфт верзија, да ги испратат нивните сугестии. Ние веќе почнавме да добиваме сугестии. Кога ќе биде готова конечната верзија, нашата намера е да ја слушнеме уште еднаш реакцијата на јавноста, на стопанските комори, синдикати, работници и така натаму“, рече Шахпаска.

Таа денеска информираше дека вкупниот буџет на МТСП за наредната 2021 година е во насока на надминување на негативните последици од здравствената и економска криза што ја предизвика пандемијата со ковид-19.

„Зачувување на секое работно место, поддршка и олеснет пристап до гарантирана минимална помош за најранливите категории граѓани, изградба на објекти за деца во предучилишна возраст и ран детски развој, објекти за социјална заштита, поддршка на активни мерки за вработување, редовна и навремена исплата на пензии, продолжување со процесот на деинституционализација и започнување со децентрализација на социјалните услуги се областите во кои ќе се трошат средствата од буџетот на Министерството за труд и социјална политика“, рече Шахпаска.

Таа најави дека следната година ќе заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на изградба на нови објекти за згрижување на деца и додаде дека целта е да се овозможи пристап на деца од предучилишна возраст и во руралните средини, во средини каде досега немало градинки.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе