Шахпаска: Во градинките има мало зголемување на бројот на заболени, но состојбата е добра

Од отворањето на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 26 деца и 83 вработени позитивни на ковид-19 и иако минатата недела е забележано мало зголемување на бројот на позитивни случаи, генерално засега состојбата во градинките е добра, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа рече дека се следи состојбата и согласно развојот на ситуацијата и во градинките, но и генерално во земјата, ќе бидат носени нови мерки доколку тоа е потребно.

Следејќи ја динамиката на новопојавени случаи позитивни на коронавирус, Шахпаска кажа дека евидентно е зголемувањето на бројката на позитивни, како на дечиња, така и на вработени во градинките.

„Бројката за последниот пресек е од минатата недела во период од 17 до 25 октомври, кога се регистрирани нови девет деца позитивни на коронавирусот и 40 вработени. Во моментот 482 деца се во изолација, а вработени околу 77. Следејќи ги состојбите во државата ние заедно со здравствените власти ќе правиме проценка. МТСП ги сумира дневните во неделен извештај и секој петок податоците ги доставува до Комисијата за заразни болести за да има увид при предлагањето нови мерки во врска на пандемијата“, изјави Шахпаска.

Таа додаде дека сите вработени и дечињата кои биле позитивни се во добра здравствена состојба. Во иминатиот период, рече имало една хоспитализција на дете и еден воспитувач, кој имал и други дополнителни хронични болести, поради што бил згрижен во болнички услови.

„Генерално сега засега состојбата со децата во градинките е добра. Правиме увид и проценки како ќе се однесуваме понатаму“, изјави таа.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во градинките, таа инфомираше дека тие во моментов згрижуваат половина од бројот на деца кој е дозволен согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија.

„Согласно протоколите донесени на 29 мај во градинките може да бидат згрижени 20.718 деца. Во моментов таму се згрижени 10.700 деца, што значи дека капацитетите согласно протоколите не се исполети. Родителите ги запишале децата, но не ги носат во градинка“, рече Шахпаска.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе