Шахпаска: Швајцарија е наш голем поддржувач и партнер

Швајцарија преку Амбасадата во Република Северна Македонија, силно ја поддржува нашата држава и учествува во значајни проекти за нашите граѓани. Во таа насока е и соработката во делот на  социјалната инклузија односно  вклучување на ранливите категории на граѓани на пазарот на труд, преку процес на обуки и стекнување на вештини со цел невработените лица да станат поатрактивни за работодавачите. Меѓусебната соработка е особено значајна во процеот на социјална  инклузија на лицата со попреченост,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусија организирана од страна на Швајцарската амбасада во Скопје.

Одбележување на почетокот на новата Швајцарска програма за соработка 2021-2024 година, велат од МТСП, беше поводот за денешниот настан, на кој Швајцарија ја потврдила натамошната поддршка за Северна Македонија.

„Министерката Шахпаска во делот на соработката со Амбасадата на Швајцарија во земјава, го посочи  воспоставувањето на РЕХА центрите во државата,  преку кои лицата со попреченост се стекнуваат со одредени вештини и нивно вклучување на пазарот на труд, Ресурниот центар за млади во Гостивар „I can", каде што се воспоставува партнерски однос меѓу претставниците на централната и на локалната власт, локалните невладини организации и приватните компании,  со цел да се обезбеди поголема инклузивност на лицата со попреченост и на младите на пазарот на труд“, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Преку двете панел дискусии претставници од Владата на Република Северна Македонија, Амбасадата на Швајцарија, како и претставници од граѓанскиот сектор и приватниот сектор, нагласуваат од Министерството,  размениле аргументи за како новата швајцарска Програма за соработка може да ги поддржи реформските приоритети за eвропската и домашна агенда на Северна Македонија, како и во дефинирање клучни приоритети за остварување на одржлив економски развој во пост-Ковид светот.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе